Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕУРО-ФАРМ - ексклузивен застапник и увозник на 20 реномирани светски фармацевтски, медицински и козметички брендови.

ЕУРО-ФАРМ ДООЕЛ се наоѓа на листата на 200 Најголеми и Најуспешни компании 13 година по ред оваа година

Еуро-Фарм претставува модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Секојдневно живеејќи ги компаниските цели, се трудат да враќаат назад во заедницата на која ѝ припаѓаат. Затоа се верен пријател на културата и спортот, но и долгогодишен спонзор, покровител и партнер на многу спортски настани и манифестации. Некои од тие се маратоните што се одржуваат во нашата држава како што се Скопски Wizz Air маратон и Охрид Трчат.

За 2022 година ЕУРО – ФАРМ се најдоа на 84 место на листата на најголеми компании. Успеаа да ги зголемат своите приходи од 3.052.604.657 на 3.235.525.934 денари, што претставува раст од 6%.

Водена од стремежот да остави белег на македонскиот фармацевтски пазар веледрогеријата посветено работи на спроведување на иновативни, рентабилни и одржливи практики, јакнејќи ја притоа својата позиција и бизнис перформанси.

Резултатот на нивната 20 годишна работа се денешните 97 аптеки во кои работат 385 стручни лица. Аптеките ЕУРОФАРМ, лоцирани се на внимателно избрани локации (болници, здравствени домови, во трговски центри, молови, хипермаркети, на ексклузивни локации во градовите итн).

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт