Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕРИ Корпорација – италијански бренд со производство во Македонија

Ери Корпорација е компанија основана во Македонија, со мешовит италијанско-македонски капитал, во 2015 година.

Станува збор за еден од европските лидери и еден од најголемите производители на модерни рекуперативни и регенеративни топлотни изменувачи наменети за вентилациони системи во резиденцијални и индустриски објекти кои се произведуваат по највисоки меѓународни стандарди за квалитет. Целокупното производство се наоѓа во Македонија во фабрика со површина од 7.500м2, додека компанијата има сопствени канцеларии за унапредување на продажбата лоцирани во Германија, Шпанија, Велика Британија и Италија. 




Компанијата за прв пат влегува во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во 2019 година рангирана на 80тото место на листата на најголеми компании. 

Во 2021 година Ери Корпорација остварува зголемен приход за 29,66% во споредба со 2020 година, а просечниот број на вработени е близу 240 луѓе.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт