Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕРИ Цорпоратион ДООЕЛ - Компанија која си ја сака Битола

Отворањето на италијанско-македонската компанија ЕРИ ЦОРПОРАТИОН во Битола, во 2015 година донесе нова надеж за животот на битолчани. Денес тоа е компанија која си ја сака Битола, но и којашто Битола ја сака.

Фабриката ЕРИ ЦОРПОРАТИОН која се отвори во просториите на некогашниот гигант „Фринко“ донесе нова надеж за битолчани, кои со доза носталгија претходно се потсетуваа на традицијата на градот да учествува во производството на системите за ладење и вентилација и да создава производи со европски квалитет во оваа област.

Денес, на истата локација, каде што во поранешна Југославија се произведуваа ладилници, системи за ладење и вентилација, се наоѓа фабриката ЕРИ ЦОРПОРАТИОН, која веќе една деценија носи нова надеж за битолчани.

Битолска компанија која произведува производи конкурентни на глобалниот пазар

Компанијата е синоним за модерна, европска и општествено одговорна компанија во којашто се произведуваат на модерни рекуперативни и регенеративни топлотни изменувачи наменети за вентилациони системи во резиденцијални и индустриски објекти.

ЕРИ ЦОРПОРАТИОН во последните години значи сигурна егзистенција повеќе од 200 семејства, особено ако се земе предвид дека компанијата во 2023 година имала околу 247 вработени, а благодарение на напредокот, развојот, иновацијата и квалитетот на производите се очекува нивното семејство само повеќе да расте.

Глобалниот успех значи и голема општествена одговорност

ЕРИ ЦОРПОРАТИОН во 2023 година се рангираше на 53. место на најуспешни компании во Македонија, а како компанија со години наназад докажуваат дека се свесни за големата општетствена одговорност што ја носат.

Денес оваа фабрика е неизоставен дел од секојдневниот општествен живот на битолчани, позиција што ја негува со години наназад, преку учеството во низа проекти, градење на позитивна работна атмосфера за своите вработени, но и наметнувањето нови стандарди за тоа како треба да изгледа работењето на една општествено-одговорна компанија.

Квалитетот на живот е филозофија на ЕРИ ЦОРПОРАТИОН која е интегрирана во нивните производи, но и во самиот начин на работење – преку условите за работа за вработените, но и преку вклучувањето во проектите што се од суштинска важност за битолчани.

Компанијата во изминатите години била вклучена во неколку крводарителски акции на Црвениот крст во Битола, а и неколку години е покровител на настанот „Зимска приказна“ во Битола, којшто се одржува за време на новогодишните празници.

„Зимска приказна“ вклучува голем број настани, базари, концерти, уметнички инсталации и зимски спортови, и заради него секоја година Битола станува една од најатрактивните туристички дестинации во регионот.

А благодарение на повеќегодишното покровителство, компанијата ЕРИ ЦОРПОРАТИОН  на социјалните мрежи и меѓу битолчани стана позната како „Компанија која си ја сака Битола“.

Покрај ова, компанијата е позната и по тоа што редовно има тим-билдинг настани за вработените, традиционално, секоја година Официрскиот дом во Битола го претвора во зимска бајка каде децата на вработените може да добијат пакетчиња и да се фотографираат со Дедо Мраз, а освен тоа вработените учествуваат и во меморијални турнири и трки, со што уште повеќе се гради колегијалниот тимски дух и континуираната посветеност.

Грижа за идните генерации

Освен што вложува во општествениот живот и во добросостојбата на вработените, компанијата подеднакво се грижи и за идните генерации и за поттикнувањето на создавање на идни квалитетни кадри и професионалци коишто ќе придонесуваат за нашето општество во иднина.

Доказ за тоа е и учеството на настанот „УКЛО Денови“, организирани од универзитетот „Св. Климент Охридски“, кои имаат за цел поттикнување на академска дискусија, вмрежување и неформално дружење помеѓу студентите, кадарот и пријателите на универзитетот.

Благодарение на квалитетните услови за работа, задоволниот тим на професионалци, ЕРИ ЦОРПОРАТИОН е една од најпрофитабилните компании во Битола, која со години наназад докажува дека задоволните вработени се клуч за создавање квалитетни производи кои се конкурентни на меѓународниот пазар.

Една од најуспешните и најпрофитабилните компании

Во 2023 година, ЕРИ Цорпоратион ДООЕЛ се рангира на 54. место на листата на најуспешните компании во Македонија. 

Со вкупен приход пред оданочување од 293.362.661 денари, или процентуално, раст од 4,72%, компанијата излезе од кризниот период кој во претходните две години го одбележа работењето на компанијата.

Благодарение на иновативноста, модерниот пристап и постојаниот развој се очекува во иднина компанијата само да бележи позитивни резултати и да продолжи да биде важен фактор во ооштественото живеење на битолчани.

Сигурна егзистенција за голем број семејства, но и потенцијален работодавец за идните генерации што допрва доаѓаат.

Компанија која ќе ѝ помогне на Битола да ги реализира големиот број важни општествени планови кои се важни за заедницата и за општествениот живот на средината.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт