Петок, 17 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕМША ШПЕД - 40% раст на добивката пред оданочување во 2021

Емша Шпед е транспортна компанија основана во 1999 година во Неготино, од страна на Марјан Емшов кој е и управител на компанијата. Фокусот на компанијата е секаков вид на камионски транспорт низ Македонија и Европa.

Почетоците на компанијата беа скромни, со само 1 камион, за да денеска  таа располага со повеќе од 200 камиони и соработува со голем број партнери во и надвор од земјата.

 

Од 2011 година, Емша Шпед се рангира помеѓу 200 те најголеми компании со вкупен приход од над 612 милиони денари. Неколку години по тоа, во 2014 година, компанијата се искачи дури помеѓу првите 100 компании по вкупен приход, со приход од 1.271 милиони денари и истата година за прв пат се рангира и во 200те најуспешни компании со добивка пред оданочување од 46 милиони денари. Од тогаш па се до 2021, Емша Шпед е секоја година на ранг листите помеѓу најдобрите компании со што дополнително го докажува својот квалитет и стабилност. Во 2021 година компанијата има остварено раст на добивката од 39,5% и раст на приходите од 6,6%, споредбено со 2020 година, а заклучно со декември 2021 година компанијата вработува 121 лице.

Посетете ги профилите на компаниите за повеќе информации и податоци како и анализи изработени од податоците со кои располага 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. 

 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт