Петок, 17 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Движечката дејност на македонскиот пазар во 2022

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги сортира и рангира компаниите и нивните остварени резултати и согласно Националната класификација на дејности донесена од страна на Државниот завод за статистика.

Во едицијата може да се најдат две листи според дејностите на компаниите, една за најголемите компании според вкупните приходи и една за најуспешните според остварената добивка пред оданочување. 

Тука ја претставуваме најголемата дејност според вкупно остварените приходи на компаниите во 2022 година. Целосните податоци за компаниите може да ги пронајдете во делот со анализи, а табеларниот приказ на дејностите го прикажуваме на крајот на овој текст. 

Според табелата во прилог најголемата дејност за 2022 година е Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со вкупно остварени приходи од 382,2 милијарди денари од страна на 86 компании. 

Во рамки на оваа дејност најголема е групата Трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли (шифра на дејност 46). Вкупните приходи кои ги оствариле компаниите од оваа дејност во минатата година изнесуваат 237,4 милијарди денари. Станува збор за 59 компании кои се водат со оваа шифра на дејност во Централниот регистар. Додека вкупно остварената добивка пред оданочување во рамките на оваа дејност изнесува 7 милијарди денари, забележуваме дека најголем дел од овие компании се исто така и дел од листата на најуспешните.

Во 59те компании кои спаѓаат во оваа група во 2022 година биле вработени 5345 луѓе. Оваа бројка, иако голема, сепак не ја категоризира дејноста како најголема според бројот на вработени. Всушност, групата со шифра на дејност 47 која ги вклучува компаниите кои се занимаваат со трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли, опфаќа 23 компании во кои се вработени дури 13,798 лица. 

Оваа група има остварен приход од 133,3 милијарди денари и добивка пред оданочување од 4,4 милијарди денари. 

Во рамките на најголемата дејност, најмала е групата со шифра 45 и назив Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли. Во оваа група влегуваат 4 компании со вкупни приходи од 11,5 милијарди денари и добивка од 764 милиони денари. 



Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт