Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Дием-ГП, дел од 200те најуспешни компании од 2017 година

Дием-ГП се занимава со производство и преработка на овошје и зеленчук и веќе повеќе од 20 години е водечка компанија во својата дејност.

Во својот асортиман имаат повеќе од 100 различни производи кои се светски познати со оглед на тоа дека компанијата има активен извоз во над 30 земји од целиот свет. 

Богатиот асортиман на Дием-ГП го сочинуваат солени, лути и благи производи со врвен квалитет, но најпознатиот е на далеку познатиот Баш Ајвер ајварот. Производите компанијата ги пласира во сопствен ланец на маркети во неколку македонски градови, а исто така и во останатите ланци на супермаркети и мали маркети низ државата. Со еден збор, производите на Дием-ГП се достапни секаде и за секого.


Компанијата од 2017 е дел и од 200те најуспешни компании кога за прв пат влезе на листата со остварена добивка пред оданочување од 58 милиони денари. Се рангираше на 185то место, со близу 90 вработени. Добивката во однос на претходната 2016 година беше зголемена за 15,57%. Во последните 6 години Дием-ГП секоја година го задржува своето место во најуспешните компании со постојано зголемување на добивката пред оданочување. 2022 година компанијата ја заврши со добивка од 100,4 милиони денари, рангирана како 175та најуспешна компанија. Вкупните приходи во оваа година изнесуваа 943 милиони денари, додека бројот на вработени беше 83 лица. Повеќе податоци за Дием-ГП може да најдете на нивниот профил или во сумарните податоци за сите години. 



Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт