Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Дием-ГП: Водечки бренд во домашната преработка на овошје и зеленчук

ДИЕМ-ГП е водечки производител на алатни машини од Северна Македонија, кој со висок квалитет, прецизност и континуирана модернизација успешно извезува на европските и светските пазари.

Традиција, квалитет и иновација веќе две децении. Дием-ГП ДОО е македонска компанија со повеќедецениско искуство во преработката и производството на овошје и зеленчук. Со имплементирани меѓународни стандарди за квалитет (ISO 9001) и безбедност на храна (ISO 22000 и HACCP), компанијата успешно одговара на високите барања на потрошувачите на домашниот и меѓународниот пазар.


Баш Ајвар – Синоним за домашен вкус

Најпрепознатлив производ на Дием-ГП е Баш Ајвар – традиционален домашен рецепт спакуван со врвен квалитет. Тој е само дел од нивната широка палета од околу 80 производи, поделени во црвена, зелена и слатка линија, кои ги задоволуваат и најпребирливите вкусови.


Сопствен ланец на маркети

Компанијата управува со специјализиран ланец маркети од кои 7 во Скопје, 4 во Гевгелија и 1 во Битола каде се продаваат нивните производи, но и други комплементарни прехранбени артикли. Оваа стратегија овозможува директен контакт со потрошувачите и обезбедува конзистентно високо ниво на услуга и свежина.


Присуство на странски пазари

Дием-ГП не се задржува само на домашниот пазар, нивните производи се извезуваат во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Австрија, Чешка, Канада, САД и Австралија. Тоа ја потврдува довербата и квалитетот препознаен надвор од границите на Македонија.


Финансиски резултати и раст

Во 2023 година, компанијата оствари вкупен приход од 1.163.584.849 денари и добивка пред оданочување од 108.256.356 денари. Растот на приходот изнесува 23,4%, а покрај растот на приход покажаа и раст на добивката од 7,82%. Со вакви резултати, Дием-ГП се рангираше на 195-то место по успех во рамки на најуспешните македонски компании за 2023 година, според листата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.


Мисија и визија

„Преку врвниот квалитет на нашите производи, сакаме да ги задоволиме и најспецифичните желби, барања и вкусови на потрошувачите.“


Дием-ГП претставува успешна приказна за локален бренд кој го освојува светскиот пазар преку квалитет, одговорност и искрена соработка. Ако сè уште не сте ги пробале нивните производи – сега е вистинското време.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт