Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Даути Комерц - двигател на дистрибуцијата на македонскиот пазар

Даути Комерц, веќе 20 години, од првото издание на едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ® компании во Македонија е дел од листите на најголеми и дел од листите на најуспешни компании во земјата.

2022 година ја завршија со пораст на вкупниот приход од 20% во споредба со претходната 2021 година. Додека податоците од 2023та година се во обработка да разгледаме нешто за нивните услуги. 


Даути Комерц повеќе од три децении е препознатлив бренд во делот на продажба и дистрибуција на производи во нашата земја, регионот и европскиот пазар. Нивната главна дејност е Неспецијализирана трговија на големо. Продажба на роба од увозните и домашни брендови за кои компанијата е дистрибутер опфаќа 3657 потрошувачки објекти во земјата, ланци на маркети, локални дистрибутери и големи потрошувачи. Дистрибуцијата се одвива преку специјализирани комерцијални Дивизии и тоа:

• Дивизија Milk & Meat - Дистрибуција на производи од млечни и месни производи

• Дивизија Food & Drinks - Дистрибуција на храна и пијалоци

• Дивизија Hygienе & Cosmetic - Дистрибуција на производи за хигиена и козметика

• Дивизија Alkaloid - Дистрибуција на производи од Алкалоид Скопје, производи од хемија, козметика и билкарство (чаеви)

• МикроДистрибуција - Дистрибуција врата до врата

• Coffe Shop - Дистрибуција на производи за потребите на кафетерии и ресторани

• Fruit & Vegetable - Продажба на свежо овошје и зеленчук, преку дивизијата “Milk & Meat”

Даути Комерц е активно присутен и во регионалната економија преку дистрибутивните и административни објекти и центри во Албанија (Драч), Косово (Урошевац) и во Црна Гора (Подгорица). Oва зборува за перманентниот развој и долгорочната деловна стабилност. Континуираното инвестирање во логистичките центри во Северна Македонија и Западен Балкан и тоа во делот на интегрирање на квалитетeн кадар и имплементирање на нови технологии зборува за новата динамика која компанијата веќе ја има поставено. 


Растот и развојот на Даути Комерц продолжува и со просторот на Извозниот Центар. „Просторот на Извозниот Центар кој ќе биде со површина од 30 илјади метри квадратни и ќе има капацитет од 50 илјади тони стока и ќе биде според современите трендови. Компанијата континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети. Центарот е наметнат како потреба за развој на компанијата, која е насочена кон извоз на локални производи на европските пазари и ќе биде двигател на бизнисот во земјава. Ние го трансформираме начинот на трговија во понапредна форма. Домашните производители сами немаат моќ да бидат на пазарите во ЕУ и САД но ние сме специјализирани во дистрибутивниот дел и ќе создаваме нови можности.“ изјави Елхам Даути, Менаџер за продажба во Даути-Комерц, во интервјуто за Клуб200.


Даути Комерц во последниот период стабилно чекори во делот на лиценцирање и добивање на административни одобренија и тоа за слободен економски оператор, царински склад односно локално царинење, со цел да се биде поефикасен во работењето и долгорочноста. Главен приоритет и платформа во последниот период е поголема дистрибуција на познати домашни и странски брендови во европските односно ЕУ пазарот и етаблирање на Даути Комерц во светските деловни текови. 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт