Во 2012, Северна Македонија станува дванаесетта земја во семејството на dm дрогерие маркт. Првите две продавници се отворени на 17 Maj 2012 година во главниот град Скопје со што градот, а и државата ја добија најпознатата дрогерија од ланецот дрогерии во Европа.
На нашите листи на 200 Најголеми и Најуспешни компании за првпат се најдоа во 2018 година и исто така секоја година по таа забележуваат свое место на листите.
Во 2022 година ДМ Дрогерие Маркт ДООЕЛ успеа да го забележи 156 место на листата на најголеми (рангирани според вкупен приход) и 143 место на листата на најуспешни компании (рангирани според добивката пред оданочување).
Остварија вкупнен приход од 29,106,026 евра и вкупна добивка пред оданочување од 2,064,939 евра.

Залихите на ДМ содржат сеопфатен асортиман со повеќе од 13.500 производи.
Во dm можете да најдете голем избор на производи од сегментите на шминки, нега и убавина, парфеми, додатоци во исхрана и органска храна, производи за бебиња и деца, домаќинство и храна за домашни миленици. Широката нутритивна понуда вклучува многу органски производи како тестенини, леб, мусли, суво овошје, џемови и супи, но и зачини, напитоци и чаеви. Покрај органската храна, dm има и голем избор на вегански производи и производи без глутен.
Денес, dm во С. Македонија има 18 филијали, со повеќе од 150 вработени.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт