Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЦЕРМАТ - најуспешна компанија за производство на сладолед

Во 2011 година прв пат во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ влегува семејната компанија за производство на сладолед Цермат.

Цермат ДОО е компанија основана во приватна сопственост во 1995 година чија главна дејност е производство на сладолед и на замрзнати производи. Оваа приказна започнува во Битола, меѓутоа денес е веќе лидер во регионот во својата дејност. 

Своето делување, низ годините Цермат го проширува на три континенти и постојано инвестира во изработка на нови и уникатни форми и вкусови како и во висока технологија во своето секојдневно работење. Според дејноста, Цермат е единствена компанија за производство на сладолед во Македонија. 




Речиси три децении присутна на пазарот, а 11 години во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, успехот на Цермат е нешто што не може а да не се забележи. Податоците покажуваат дека компанијата секоја година има се подобри резултати и секоја година се рангира помеѓу најуспешните компании во Македонија согласно добивката пред оданочување. 

Во 2021 година Цермат беше рангирана на високото 67мо место на листата на најуспешни компании со добивка од 190 милиони денари, а просечниот број на вработени беше близу 150 луѓе.  


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт