Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

БРАКО - Ширина и длабочина на производните програми

БРАКО од Велес е уникатна компанија со четири различни производни линии – од еколошки возила до медицинска опрема, метални конструкции и жичани производи.

Една од најсилните страни на БРАКО е разновидноста на производните програми, со која компанијата не само што се адаптира на пазарот, туку и создава нови индустриски стандарди. Покрај Green Machines, БРАКО работи на уште три производни линии со подеднакво силен пазарен потенцијал:

  • Медицинска опрема: производство на носила и колички за брза помош, болнички кревети, лифтови и транспортни решенија кои се користат од итната помош во регионот и пошироко.
  • Метални конструкции: производство и монтажа на мостови, електрични столбови, рекламни паноа и специфични метални решенија по нарачка.
  • Жичани производи: решенија за домаќинства и индустрија – од сушари за алишта до индустриски мрежи и галванизирани производи.


Со оваа индустриска длабочина и ширина, БРАКО покажува дека домашна компанија може да биде системски партнер на институции, компании и градови низ Европа, со стабилна логистика, сопствен развој и стратешки менаџмент.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт