Во 2024 година, Алкалоид АД Скопје уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најголемите и најуспешните македонски компании, задржувајќи високи пласмани на ранг-листите на Club 200.
Следено според економските параметри, зголемениот извоз и продажбата, како и според капиталните инвестиции Алкалоид АД уште еднаш и во 2024 година покажа дека е гигант меѓу македонските компании и дека сосема оправдано се наоѓа на врвот во однос на компаниите што се занимаваат со производство на фармацевтски производи, но и меѓу најголемите македонски компании.
Алкалоид АД е гигант за кој не треба да се зборува многу, кој благодарение на остварените резултати повторно се наоѓа во првите пет најголеми македонски компании, а 2024 година беше уште еден успешен период во кој беа реализирани голем број проекти.

Со вкупен приход од 14.032.427.426 денари и добивка пред оданочување од 1.872.306.460 денари, Алкалоид АД напредуваше за една позиција и се искачи на 9. место на листата на најуспешни компании, додека втора година по ред го задржа 5. место на ранг-листата на најголеми компании во земјата.
Со ова, компанијата уште еднаш го потврди својот стабилен раст и развој и високата позиција што со години наназад ја има во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
Во периодот јануари – декември 2024 година, „Алкалоид“ оствари консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, од кои 210,5 милиони евра се реализирани преку извоз, како и инвестиции во износ од 23,3 милиони евра.
Компанијата бележи раст и на домашниот пазар и кај вкупниот консолидиран извоз, кој е зголемен за 14%.
„Од вкупните консолидирани продажби, 32% се остварени на домашниот пазар, а 68% на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 27%, во земјите од Западна Европа 22%, во земјите од Источна Европа 18%, а на другите пазари 1% од вкупните консолидирани продажби“, информираа од компанијата
Најдинамичен раст меѓу извозните пазари е забележан на Кипар, каде продажбите се зголемени деветкратно, како и во Литванија, со раст од два и пол пати.
Според структурата на продажбите, фармацевтскиот сегмент доминира со 91% учество во вкупните консолидирани продажби, додека сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9%.

Освен што забележа раст на продажбата и на извозот, Алкалоид АД во 2024 година заврши и неколку капитални инвестициски проекти.
Компанијата го комплетираше својот најголем инвестициски проект во изминатите две децении – новиот производствен капацитет Таблетно одделение 2.0, на површина од 6.200 m², со вкупна инвестиција од 19,4 милиони евра.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември изнесуваат 1.435.215 илјади денари.
Компанијата ја продолжи и својата интернационална експанзија со регистрација на ново друштво во Хрватска – „Алкалоид фарма интернационал“ ДОО Загреб, како и ново капитално поврзано друштво во Казахстан – „Алкалоид Казахстан“ ДОО, со седиште во Алмати, кое претставува 26. капитално поврзано друштво во рамките на групацијата.

Во 2024 година, Алкалоид АД, трета година по ред ја доби наградата „најпосакуван работодавач“, која ја доделува платформата vrabotuvanje.com.
Освен што инвестира во нови капацитети, ги проширува пазарите и работи на континуирано зголемување на продажбата и на извозот, компанијата континуирано инвестира и во привлекување на нови кадри и професионалци.
Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Македонија.
Групацијата брои вкупно 3.042 вработени, од кои 2.302 во земјата и 740 во странство.
Акциите на „Алкалоид“ котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најликвидните и најтргуваните. Во 2024 година, цената на акцијата се движеше од 18.151 до 29.000 денари, со просечна вредност од 22.376,45 денари.
Според бизнис-планот за 2025 година, „Алкалоид“ планира да инвестира околу 8% од консолидираните приходи од продажби во материјални и нематеријални средства, да оствари раст од 8% на консолидираните продажби и зголемување од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2024 година, што уште еднаш е јасна потврда за континуитетот на развојот и стратешката ориентација кон одржлив раст.

Инаку, Алкалоид АД Скопје е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од самите почетоци на проектот.
Профилот на компанијата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт