Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Актива - Штип: Важен двигател на развојот на економијата во источниот регион

Во 2024 година, Актива Штип се најде на 122 место на ранг листата на најголеми македонски компании. Зошто оваа штипска компанија е важен двигател на развојот во Источна Македонија?

Актива ДОО - Штип претставува важен двигател на економскиот развој во источниот регион на Македонија. Таа е пример за компанија која преку континуирани инвестиции го проширува производството, но и сопственото влијание.

Компаниите кои создаваат нови вредности, отвораат работни места и придонесуваат за локалниот развој имаат особено значење за економијата на секој регион.

Една од таквите компании во источниот дел на Македонија е Актива Штип, која со своето долгогодишно работење има значаен придонес во развојот на економијата и подобрувањето на животниот стандард на населението.

Инвестиции во производствени капацитети

Основана во 1999 година, компанијата прерасна во лидер во металната индустрија, нудејќи широк спектар на услуги и производи, вклучувајќи индустриска изградба, метална обработка и автомобилски компоненти. Компанијата е позната по својата посветеност на квалитетот и иновациите, што ѝ овозможи да се прошири на нови пазари и индустрии.

Од 2014 година Актива започнала со инвестициски циклус и проширување на сопствените капацитети, со што ја проширила својата дејност и влегла во светот на производство и преработка на метални компоненти и заварени склопови за потребите на автомобилската индустрија, преку брендот Актива Аутомотив.

Во 2018 година компанијата направила реструктурирање на сопственичката структура и се преселила на нова локација, кадешто бил пуштен во употреба новиот, современм производствен капацитет за челични конструкции со месечен капацитет од 1.000 тони.

Благодарение на големиот број инвестиции, проширувањето на производството и современите производствени капацитети, денес Актива има соработка со голем број стратешки партнери од САД и Европа, а се етаблираше како еден од клучните производители на делови за автобуси и колички за аеродроми.

Неодамна, компанијата најави нови инвестиции во износ од 12 милиони евра, кои ќе бидат наменети во секторот мехатроника, и кои дополнително ќе го зголемат извозот, што само по себе ќе помогне во иднината компанијата да покажува уште попозитивни резултати и да придонесува за развојот на источниот регион на земјата.

Актива – Штип како дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Како еден од најважните економски играчи во источниот регион и вооошто во Македонија, Актива Штип со години наназад е дел од проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Во 2024 година, компанијата се најде на 122 позиција на ранг листата на најголеми компании и на 167. место на ранг листата на најуспешните компании во Македонија.

Компанијата остварила вкупен приход од 2.560.024.094 денари и добивка пред оданочување од 138.527.233 денари.

Компанијата забележува зголемување на добивката пред оданочување за 3,85%.

Пример за успешна компанија која придонесува за економската стабилност на источниот регион

Актива Штип претставува пример за успешна македонска компанија која преку континуирани инвестиции, модернизација на производството и проширување на деловните активности придонесува за економската стабилност во регионот.

Со своето работење компанијата создава нови работни места, што е особено важно за источниот регион, каде што вработувањето и задржувањето на младите луѓе претставуваат еден од клучните предизвици.

Во 2024 година компанијата во просек вработувала околу 526 лица, што со други зборови значи сигурна егзистенција за исто толкав број семејства.

Покрај директното вработување на голем број луѓе, Актива Штип има значајно влијание и врз развојот на локалната економија преку соработка со други компании, добавувачи и партнери.

На тој начин се создава економски синџир кој придонесува за развој на повеќе сектори – транспорт, услуги, трговија и индустрија. Оваа меѓусебна поврзаност помеѓу компаниите ја зајакнува економската активност и ја поттикнува регионалната економија.

Дополнително, успешното работење на вакви компании ја зголемува и довербата на инвеститорите во регионот. Кога една компанија покажува стабилност, раст и развој, таа претставува позитивен пример и поттик за нови инвестиции. Со тоа се отвора можност за понатамошен економски развој и подобрување на деловната клима во источна Македонија.

Актива Штип исто така има значајна улога и во општествениот развој на регионот. Преку поддршка на локални иницијативи, спортски и културни настани, како и преку соработка со локалната заедница, компанијата придонесува за подобрување на квалитетот на живот во регионот.

Сумирано, Актива Штип претставува важен двигател на економскиот развој во источниот регион на Македонија. Преку отворање нови работни места, соработка со локални компании, привлекување инвестиции и поддршка на заедницата, компанијата има значајна улога во развојот и просперитетот на регионот.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт