Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Актива Аутомотив: Сѐ што ви треба за прецизна метална обработка – на едно место

Актива Аутомотиве е македонска приказна за прецизност и иновација – партнер на водечки индустрии низ светот во изработка на метални делови со врвен квалитет.

Актива Аутомотиве дел од компанијата Актива ДОО Штип и веќе години наназад е препознатлива како силен играч во металната индустрија. Специјализирана за изработка на метални делови за автомобилската, електронската, медицинската и други индустрии, оваа компанија успешно ги комбинира искуството, технологијата и квалитетот.

Од идеја до финален производ

Во Актива Аутомотив, секој производ минува низ комплетна обработка – сечење, обликување, машинска обработка, склопување и финална заштита. Дел од услугите што ги нудат се:

  • Ласерско и плазма сечење на лим и цевки
  • CNC машинска обработка – глодање, стругање, дупчење
  • Виткање, бушење, сечење со ножици и точкасто заварување
  • Склопување на комплетни подсклопови

Сето ова го работи тим од искусни инженери и техничари, со модерна опрема и технологии кои овозможуваат ефикасна и прецизна изработка.

Заштита што трае

Покрај обработката, Актива нуди и завршна површинска заштита на металот, за да биде подготвен за долготрајна употреба:

  • Пескарење – и рачно и автоматско
  • Премачкување – прашкасто, влажно и KTL (електрофоретско)

Овие процеси не само што ги штитат производите од корозија, туку и им даваат уреден, професионален изглед.

Материјали со кои работат

Во нивната работа се користат повеќе видови на метали:

  • Обичен челик
  • Нерѓосувачки челик (инокс)
  • Алуминиум

Ова им овозможува флексибилност и адаптација на барањата на различни клиенти и индустрии.

Постојан раст и инвестиции

Во 2014 година е формирана посебната дивизија Актива Аутомотив, целосно фокусирана на автомобилската индустрија. Само неколку години подоцна, во 2017, го удвојуваат производствениот капацитет и го зголемуваат бројот на вработени.

Во 2019 година, добиваат поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со инвестиција од 5 милиони евра, која овозможи проширување на капацитетите и уште поголемо присуство на меѓународниот пазар.

Квалитет пред сѐ

Работата е усогласена со ISO 9001 и TS 16949 стандарди – што значи дека секој процес, од првиот до последниот чекор, е подложен на контрола и постојано подобрување.

На кратко...

Актива Аутомотив вистинскиот избор ако барате сигурен партнер за прецизна метална обработка. Со долгогодишно искуство, современи технологии и тим кој знае што прави – тие се тука да испорачаат квалитет, навремено и без компромиси.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт