Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Адора Инженеринг - успешна приказна од градежната индустрија

Адора Инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година неуморно продожува да работи и да постигнува нови успеси.

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГДООЕЛ, како и очекувано, повторно се најде на листата на 200 Најуспешни компании во Македонија. За 2022 година успеаа да го заземат 37то место на листата на најуспешни, рангирани според вкупната добивка пред оданочување. Вредно е да напоменеме дека забележија скок од дури 41 места во споредба со годината пред неа. Заклучно со тоа ја зголемија и својата добивка за 144,90%.

Со потписот на Адора се 40 изградени репрезентативни станбено-деловни објекти во Македонија, Србија и Грција, со вкупна површина од 400.000 m², во кои се инвестирани над 415 милиони евра. Над 3000-те домови во „Адориниот град“ се дело на над 500 вработени, во кои среќно живеат и работат 13.000 граѓани.

Како најнов проект кој е пуштен во употреба во 2023 година може да се спомене комплексот на Златибор, автентичниот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora. Тој воедно претставува и нивни прв пионерски проект во Србија.


Покрај примарната дејност во градежниот сектор – висока градба, со проектирање, инвестирање, изградба и продажба на недвижности во Македонија и меѓународни рамки, истражувајќи други полиња за бизнис иницијативи, Адора изврши деловна диверзификација и во други економски и географски сфери, како што се: банкарско-финансиски сектор, акционерска сопственост во реномирани компании во Македонија и на интернационалните пазари, фармацевтска индустрија, енергетски сектор. 

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт