Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Адора Инженеринг - лидер во градежништво и еколошката свесност во земјата и регионот

Адора Инженеринг е една од најпознатите македонски градежни компании која од пред неколку години своите активности ги прошири и во некои од соседните држави.

Со своите уникатни проекти изградени со долгогодишно искуство и врвен квалитет, компанијата многу лесно го одржува своето место меѓу конкуренцијата и тоа веќе со години. 

Освен што се залага за максимално вложување во квалитетот на своите градби, исто така големо внимание посветува и на модерниот изглед, практичноста и удобноста, како би им понудила на своите клиенти највисоко ниво на комфор во нивниот простор за живеење и работење. Локациите на објектите на Адора Инженеринг се внимателно избрани како граѓаните би имале брз и лесен пристап до центарот на градот, но можат и да уживаат во своите домови по напорните работни денови. 


По повод Денот на животната средина, се осврнуваме на оваа компанија која низ годините покажа огромна грижа за животната средина, со имплементирање на разни иновации и технологии за да се одржи нашата природа и животна средина здрава и да се унапреди. 

“Како лидер во иновациите во секоја сфера од нашето работење, постојано се залагаме за поголема грижа за животната средина. Ги воведовме првите А класа енергетски ефикасни домови, фотоволтаиците, органската фасада, озеленувањето на станбените објекти.. Навлегувајќи во енергетиката, преку стекнувањето сопственост на поголемиот дел од капацитетите за производство на топлинска енергија во главниот град, со интензивна работа на иновациите во овој сектор и имплементација на глобалните трендови за зелена енергија, сакаме да придонесеме за вистински исчекор кон долгорочно одржлива иднина.”, велат од Адора Инженеринг. 

Ова е само мал дел од општествената одговорност на Адора Инженеринг, која несомнено ја покажува својата дарежливост и загриженост за подобар и олеснет живот на своите сограѓани. 



Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт