Во 2024 година Адора Инженеринг се најде на 71. место на ранг листата на најуспешни македонски компании, со што уште еднаш покажа дека се наоѓа на врвот во рангирањето на најуспешните градежни компании во Македонија.
Компанијата, според податоците од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, остварила вкупен приход од 426.631.076 денари и добивка од оданочување од 288.232.945 денари.
Процентуално, компанијата бележи раст на добивката пред оданочување од 35,85%, поради што обезбеди скок од 18 позиции нагоре во однос на рангирањето на најуспешните македонски компании.
Адора е компанија која со децении наназад докажува дека има намера да остане цврсто позиционирана како лидер во високоградбата, кај нас и во регионот, а доказ за тоа се големиот број квалитетно реализирани проекти.

Во своето 24-годишно постоење, компанијата претрпела низа издигнувања и препреки, но благодарение на квалитетниот менаџмент и успешното водство на компанијата од страна на Проф. Д-р. Ванчо Чифлиганец, Адора Инженеринг покажува и докажува дека и во неповолни бизнис услови може да се креираат позитивни резултати, доколку знаете каде точно да ја пренасочите енергијата.
Таков е примерот во последните неколку години кога заради мораториумот за изградбата на градби во општина Центар во Скопје, компанијата беше приморана своите бизнис активности да ги изнесе надвор од границите, односно многу повеќе да се сконцентрира на надворешните проекти, од што произлегоа неколку квалитетни и репрезентативни зданија, кои се дело на оваа врвна македонска компанија.
Освен што гради квалитетни, цврсти, асеизмички стабилни домови со стандардизиран квалитет, според најновите трендови во високата градба, компанијата има силно присуство и на пазарот во Србија и Грција.
Солун, Тасос, Халкидики... Ова се некои од локациите во соседна Грција каде Адора Инженеринг има свои успешно реализирани проекти.
Во Солун, зградата на Адора го носи името Thessaloniki 21, и е сместена на исклучително атрактивна, лесно достапна локација, во шопинг зона со бренд бутици, универзитети, ресторани и туристички агенции. Истовремено, градбата се наоѓа во близина на живописното крајмосрко шеталиште „Цимитски“ и централниот плоштад „Аристотелу“, на само 500 метри од солунското пристаниште „Лимани“.
Зградата е препознатлива по модерните и луксузни апартмани, но и по ексклузивните деловни простории со површина од 146,6 m² и 115,46 m².

Во 2021 година, Адора Инженеринг заврши уште еден капитален проект во Грција, а тоа е туристичкиот комплекс B&D LUXURY SUITES.
Објектот се наоѓа на исклучително атрактивна локација за одмор на источната страна на зелениот остров Тасос, во Скала Потамиа, на само 2 минути пеш од Голден бич, која важи за една од најубавите плажи во Грција.
Комплексот се наоѓа на 250 km оддалеченост од Солун и е лесно достапен со развиена инфраструктура, автопатишта и редовна линија со ферибот.
Сместен во прекрасна еколошки чиста природа, бутук компеклсот B&D нуди луксузно сместување и релаксација во 12 комплетно, современо опремени апартмани, со можност за сместување од 2 до 6 лица, со рецепција, кујни, спални соби, бањи, тераси, детско катче и сопствен двор со отворен базен за деца и возрасни.

Една година претходно, во 2020, пак, Адора Инженеринг заврши уште еден капитален проект во Грција, а тоа е комплексот луксузни вили во Криопиги, на првиот крак на полуостровот Халкидики.
Четирите комфорни вили-мазонетки со приземје и два ката, располагаат со модерни, комфорни и функционални апартмани, кујни, опремени бањи, спални и соби за престој, тераси, голем двор и пристапна улица со контролиран влез.
Комплексот се наоѓа на само 6 минути пеш од плажата Криопиги, а амфитеатралната поставеност нуди отворен поглед од вилите кон Егејското Море, зелените борови шуми и маслиновите насади.
Сместени во еколошки чиста природа, далеку од градската врева, вилите нудат идеални услови за релаксација, рекреација и уживање преку целата година, со можност за капење во кристално бистрото, топло море од мај до октомври.
Криопиги кое е едно од ретките туристички места што локално живее во сите годишни сезони, е на 100 km оддалеченост, или 1 час возење од градот Солун.
Покрај споменатите проекти, Адора гради уште еден комплекс во Неа Флогита.

21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness е објект кој е дизајниран по принципот на автентичен апарт хотел кој комбинира сместување во комфорни, модерно опремени апартмани, со изобилство на хотелски содржини и услуги кои ги нудат конвенционалните хотели на пазарот.
Станува збор за уникатно авторско дело е флуиден спој од дизајн стилови како mid century modern, contemporary и industrial style, art deco, jazz elegance, надополнети со современи уметнички дела од акварел, мурали со ексцентрични мотиви и други внимателно осмислени детали.
Ресторанот Gatsby на гостите и посетителите им нуди гастрономска поезија од кулинарски специјалитети, спа центарот и базенот со солена вода создаваат чувство Планина на море, има детско забавно катче и игротека, 24/7 рецепција со модерно лоби, паркинг, гаражи и други бутик содржини, со што Адора Инженеринг даде уникатна понуда на пазарот на Златибор.
Комплексот 21st Century Zlatibor by Adora има 107 апартмани со површина од 34 м² до 105 м², меѓу кои се и раскошните пентхауси Торник, Чигота, Златар и Дрина, од кои се пружа прекрасен отворен поглед на околните природни убавини.
Сите апартмани се комплетно, модерно опремени, располагаат со сопствена тераса и купатило, а пентхаусите се збогатени со дополнителни содржини за уживање: природни камини, хидромасажни кади, уникатен и дизајниран мебел.

Адора Инженеринг со години наназад гради градби што ќе останат и за идните генерации, а квалитетниот бизнис модел што го презентираат ќе биде поттик и мотивација не само за градежните компании во Македонија, туку и за градежниците во Регионот.
Меѓународното реноме на компанијата е потврдено со 10 престижни интернационални награди доделени во Амстердам, Дубровник, Монте Карло, Париз, Мадрид и Виена од авторитетни светски асоцијации и организации. Компанијата има добиено повеќе од 50 национални признанија, а истовремено е дел на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од 2010 година.
Профилот на компанијата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт