Денес, Алма – М располага со имоти од 30.000м2 каде се сместени административната зграда и магацините, а компанијата располага и со инфраструктура за висококвалитетно и економично логистичко работење.

Уште од 2003 година Алма – М секоја година се рангира на листите на 200те најголеми и најуспешни компании во Македонија, па така компанијата не изостана ни од последните рангирања за 2021 година кога оствари зголемување на добивката пред оданочување од 116,44% и зголемување на вкупните приходи за 20,21%.

Ваквите позитивни резултати значително влијаеа на рангирањето на компанијата и ја кренаа помеѓу првите 100 најголеми и првите 100 најуспешни фирми за 2021 година, додека во рамки на дејноста се најде на 1во место според добивката пред оданочување и 2ро место според вкупните приходи.
Повеќе информации за компанијата и детали за нејзиното работење како и податоците од претходните години може да најдете на профилот на Алма – М.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт