Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

А1 Македонија втор најголем оператор во Македонија

А1 Македонија е втор најголем оператор во Македонија. Компанијата е член на водечкиот провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, А1 Телеком Австрија.

На македонскиот пазар е активна од 2015 година, а оттогаш е дел и од 200те најголеми компании. Со остварен вкупен приход од 7.6 милијарди денари во 2015 година, А1 Македонија се рангираше како 8ма најголема компанија во Македонија. 

Во следните две години компанијата имаше благ пад на вкупните приходи но сепак ја задржа високата позиција на листата на најголеми како 9та во 2016 и 13та во 2017 година. Веќе од 2018 А1 влегува и на двете листи и тоа како 15та најголема со остварен вкупен приход од 7.8 милијарди денари и 16та најуспешна со 783.1 милиони денари остварена добивка пред оданочување. 


Од 2018 па наваму А1 доживува постојан пораст и 2022рата година ја завршува со 9.3 милијарди денари остварени како вкупни приходи. Според добивката пред оданочување, е рангирана на 20то место на најуспешни компании со остварена добивка од 983.3 милиони денари. 

Во првата година од оваа анализа, компанијата броела 651 вработен, но таа бројка сега веќе е зголемена на 767 вработени лица на крајот на 2022 година. 

Повеќе податоци за компанијата можете да најдете на нејзиниот профил, додека останатите податоци од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ се достапни овде.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт