А1 Македонија повторно, 8-ма година по ред, забележа свое место на листата на 200 најголеми и најуспешни компании. За 2022 година беа рангирани како 26та најголема компанија и 20та најуспешни компанија во Македонија. Остварија вкупен приход од 9.264.313.808 денари и притоа успеаа да го зголемат во однос на изминатата година од 7,88%.
Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.
Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.
Во согласност со дигиталниот начин на живот, А1 Македонија е насочена кон обезбедување на најдобри телекомуникациски и дигитални решенија и нуди обемно портфолио на услуги.
Услугите, коишто ги нуди компанијата, се целосно насочени кон потребите на корисниците, а опфаќаат услуги во мобилната телефонија, во фиксната телефонија, мобилен и оптички интернет, кабелска и дигитална телевизија, конвергентна понуда, којашто вклучува комбинирани пакети со сите услуги, како и напредни ИКТ-решенија.
Преку најсовремена, сопствена мрежа, А1 на корисниците, им овозможува целосна покриеност со 4G LTE мобилен интернет, насекаде во земјата и 4G+ во урбаните средини и покриеност на 99,8% од населението.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт