Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

А1: Ја штитиме вашата компанија од сајбер напади

Сајбер безбедност веќе не се само зборови и тема за која слушаме, туку реалност која сите ја живееме.

Голем број компании сфаќаат колку е значајна безбедноста на информациските системи дури кога е веќе предоцна, а тогаш, губењето на податоци критични за бизнисот е честопати поврзано со екстремно високи трошоци и прекинување на деловните процеси на компанијата. 

Како компанија со богато ИКТ портфолио, А1 Македонија нуди сеопфатна понуда за сајбербезбедност како од аспект на мрежна безбедност, заштита на кориснички уреди, така и заштита на податоци и апликација. Кога станува збор за мрежна заштита, на располагање на корисниците е Firewall како сервис, Offensity (автоматизирана алатка за проценка на ранливост), MPLS VPN и SDWAN решенија, а исто така во понудата е инкорпорирана и АDDoS заштита. Кога станува збор за заштита на кориснички уреди и податоци на располагање на корисниците се A1 Cyber Backup и А1 Endpoint Protect.

A1 Cyber Backup претставува интелигентно решение кое нуди креирање резервни копии (backup) на податоците, уреди и апликации, брзo враќање (recovery) на податоците во кое било време,заштита од ransomware напади, компјутерски вируси и друг малициозен софтвер (malware) базирана на вештачка интелигенција (AI); далечински пристап и интуитивни алатки за далечинско управување и безбедност во едно.

Иво Пауновски, раководител на Оддел за ИКТ и партнерство во А1 Македонија

А1 Endpoint Protect е најновиот продукт во портфолиото на А1 кое преставува услуга за менаџирана заштита на крајните уреди на корисникот (endpoints) од сајбер напади, која вклучува препознавање на напади, нивно спречување или ограничување, алатки за анализа на случени напади, алатки и функционалности за интеграција со други безбедносни елементи за сајбер заштита во ИТ околината на корисникот. 

“Свесни за ризиците поврзани со сајбер заканите и посветени да обезбедиме пристап за нашите корисници до најдобрите можни решенија за заштита на нивните бизниси го воведовме А1 Endpoint Protect што на деловните субјекти им обезбедува заштита во сајбер просторот, а со тоа и можност да останат конкурентни, да напредуваат и да ги постигнуваат посакуваните резултати. Во текот на целиот процес, нашиот тим експерти се на располагање за да обезбедат поддршка на секој чекор од патот за користење на овие услуги, со што процесот на имплементација на нашите решенија е многу полесен и поедноставен “, вели Иво Пауновски, раководител на Оддел за ИКТ и партнерство во А1 Македонија.  

Услугите A1 Cyber Backup и А1 Endpoint Protect овозможуваат напредна и интегрирана заштита од сајбер напади, со поефикасно препознавање на сајбер напади и автоматизација на реакцијата на тековни напади. Овие услуги за заштита на кориснички уреди и податоци освен основната инсталација и конфигурација  направена од А1 се нудат на база на менаџирана (управувана) услуга што значи дека корисниците веќе нема потреба да инвестираат во дополнителни сопствени или екстерни ресурси за да иницијално ја постават, а потоа и да ја управуваат заштитата на својата компанија во сајбер просторот.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт