Компанијата најпрвин била основана во државна сопственост, но во 1996 година преку процесот на приватизација станува Акционерско Друштво и како таква постои во последните 28 години. Денес, Гранит е најголемата градежна компанија во С. Македонија која своите активности ги врши на интернационален пазар, а освен што е дел од најголемите и најуспешните компании, исто така се вбројува и меѓу најголемите работодавци.
Гранит АД е компанија која работи и во полето на нискоградба, но и високоградба, па така компанијата гради патишта, автопати, мостови, аеродроми, но и многу станбени и индустриски објекти, а брендот Гранит се поврзува со многу комплексни и импресивни инженерски проекти низ Европа и Азија.

Во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Гранит е една од неколкуте компании кои секоја година се рангираат на двете листи според вкупен приход и добивка пред оданочување. Во 2022 година, компанијата беше рангирана како 57ма на листата на најголеми, со остварен вкупен приход од 5 милијарди денари, додека на листата на најуспешни беше 134та компанија со добивка од 133 милиони денари. Во рамки на дејноста, Гранит се рангира како 3та најголема и 10та најуспешна градежна компанија, согласно податоците во 2022 година. Во поглед на бројот на вработени, Гранит се издвојува како најголем работодавач во својата дејност, вработувајќи 2.5 пати повеќе луѓе од останатите градежни компании. Со 1064 вработени во 2022 година, Гранит е дел и од листата на најголеми работодавци во С. Македонија.
Повеќе податоци за компанијата може да најдете на нивниот профил, додека податоците за најголемите и најуспешните за 2022 година се достапни тука.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт