Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

200 најуспешни компании за 2020 година. Кои фирми се во првите 10

Вкупната добивка пред оданочување за најуспешните 200 компании во 2020 година изнесувала 54.645.511.742 ден.

И покрај тешката година која ја оставивме зад нас, среќни сме што сепак компаниите успеаја да го одржат својот бизнис и доброто работење во таквите неповолни услови. Кои компании се најдоа помеѓу 200-те најуспешни компании според остварена добивка пред оданочување за 2020 година може да погледнете тука.

Од приложената табела забележуваме дека и кај најуспешните фирми нема големи промени во однос на субјектите кои ги зафаќаат првите 10 позиции на нашата ранг листа. Сепак, како и кај најголемите компании, и кај најуспешните има намалување на добивката пред оданочување од 9,82%, која во 2020 изнесувала 22.737.053.483,00 ден., а во 2019 25.212.376.111,00 ден. а вкупниот приход кој овие компании го генерирале, е намален за 6,03%, споредено со 2019 година. Вкупната добивка пред оданочување за најуспешните 200 компании во 2020 година изнесувала  54.645.511.742 ден., во 2019 година 61.536.447.226 ден. и е намалена за 11.2%.



Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт