Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

200% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОБИВКАТА НА РАМСТОР ВО 2021

Рамстор влегува на македонскиот пазар во 2005 година како дел од CITY Plaza Holding.

Уште во првата година од своето работење, компанијата успеа да се рангира во 200 најголеми компании во Македонија и тоа дури на 160 место, а подоцна и во 200 најуспешни.

Пружајќи квалитетна услуга на своите потрошувачи и постојано усовршување на квалитетот на своето работење, Рамстор денес ги нуди своите услуги во 8 различни градови низ Македонија со вкупно 28 маркети и преку сопствена интернет продавница активна веќе неколку години. Најновата услуга која уште повеќе го олеснува секојдневниот живот на клиентите на Рамсторе е мобилната апликација RamstoreDoDoma, достапна за сите потрошувачи.




За оваа компанија 2021 година се покажа како мошне позитивна во однос на 2020 кога целата економија беше погодена од ковид кризата. Сепак, Рамстор за брзо го врати својот успех, па така во 2021 година имаше зголемување на добивката пред оданочување за дури 197,54%. Просечниот број на луѓе кои ги вработува Рамстор се искачи близу 730, а неговото покачување дополнително зборува за напредокот на компанијата и грижата за вработените.

 

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт