Оваа година, со гордост го издадовме јубилејното 20то издание од оваа едиција која е единствена по својата содржина и опфатот на информации и податоци.
Првото издание од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ излезе во 2004 година и во него беа опфатени резултатите на најголемите и најуспешните компании за 2003 година според вкупен приход и добивка пред оданочување. Со голема поддршка од Министерството за економија и Централниот Регистар на РСМ, кој е изворот на овие податоци и информации, Еуро Бизнис Центар Скопје ДООЕЛ, веќе 20 години успешно ги презентира компаниите кои неуморно работат и придонесуваат кон подобри услови за живот.

Неколку години подоцна, од 2011 година едицијата ги вклучува и банките и осигурителните компании како важен дел од економските текови, рангирајќи ги според добивката пред оданочување, капитал и резерви и бруто полисирана премија, соодветно.
Изготвивме краток табеларен и графички приказ за движењето на вкупниот приход на 200те најголеми компании низ годините, кој може да го видите на крајот од овој текст.
Од графикот забележуваме дека, како што е и очекувано, вкупниот приход се зголемува од година во година, со исклучок на благите падови во 2009 и 2019 година. Сепак, трендот на оваа ставка продолжува да оди по нагорна линија, достигнувајќи значително зголемување во 2022 година.


Едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ изобилува со податоци за компаниите, кои може да ги најдете на овој линк, додека пак новостите и анализите за компаниите може да ги прочитате тука.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт