Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

15 години Државна лотарија

Државна лотарија, пред влезот во 2024-та одбележа 15 години постоење.

Еве неколку податоци за почеток: компанијата е основана на 17 декември 2008 година; првите игри на среќа ги пласираше во април 2010 година; стана членка на Европска асоцијација на лотарии од 2011 година; активно се залага за одговорно и контролирано приредување игри на среќа за што доби и сертификат од Европската асоцијација; во последните две години забрзано работи на својот напредок врз база на позитивни примери за да внесе новини за своите играчи, а со тоа и поголема добробит за нашата земја.

Во своето портфолио игри на среќа, денес, Државна лотарија има Лото 7 (со актуелен фонд за 7-ка од над 1 милион евра), и џокер со досега најголема гарантирана премија. Има најбогата понуда во инстант лотарија, со широка лепеза различни видови лозови и понуда на добивки: возила, станови, парични добивки и до 10 000 000 денари. Државна лотарија приредува и видеолотариски игри на среќа како Кено и Среќни топчиња, а својата веб-страница loto.mk ја претвори во мобилно среќно место за уплата на среќни лото броеви за онлајн учество во игрите Лото 7 и Џокер.  

Пред крајот на минатата година ја  надополни понудата со својата нова интернет-платформа за видеолотариски игри и спортско обложување – Мегавин.мк којашто славенички ја отвори токму за одбележувањето на својата 15-годишнина со слоганот: БИДИ ИН РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МЕГАВИН.


Државна лотарија во континуитет воведува нови игри на среќа и ги збогатува видовите премии, па во листата има секакви добивки: и пари и коли и станови.

Но најважното е преку игрите на среќа овозможува секој од нас да учествува во креирање на Републичкиот буџет за општествено одговорни цели и дека и покрај тоа како компанија директно инвестира во збогатување на мапата на културата, спортот и урбаното живеење, како што е спонзорирањето на овој наш настан, а секако и директно донира секаде каде што е најпотребно за уште повеќе радост, среќа и насмевки. 

Како расте бројот на среќни приказни поврзани со неа, така расте имиџот на Државна лотарија, а тоа е она што ја прави оваа компанија блиска до народот.

Целта на Државна лотарија е среќата да ја направи достапна насекаде.

Оваа компанија за народот воведе многу новини во последно време, направи многу смели чекори, фалени од едни критикувани од други, но нејзината ориентација не е сменета, а тоа е одговорно и контролирано приредување игри на среќа, што повеќе среќни приказни и што поголем придонес за нашата земја.

Новата, свежа и динамична енергија Државна лотарија ја преточи во исто толку свежа и динамична стратегија. Потврда на новата стратегија е и новото лого коешто е составено од симбол - калинка - што асоцира на свежина, на среќа, на семејство, на блискост, на благосостојба, нешто коешто кога ќе го видиме ни создава топлина и доверба во срцето и свежина во мислите.

Калинката традиционално, на овие простори е симбол на благодат, среќа и семејна благосостојба.

Се надеваме дека ќе ви носи среќа каде и да ја видите, затоа што СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт