Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

145% раст на добивката за 20тиот роденден на Адора инженеринг

Крајот на втората деценија од своето постоење Адора инженеринг, денес позната како Адора бизнис групација, го заврши со пораст на вкупните приходи од 58,1% и пораст на добивката пред оданочување од 144,9%.

Адора инженеринг е компанија основана во 2002 година од страна на проф. Д-р Ванчо Чифлиганец, познат бизнисмен и филантроп на нашите простори. За само неколку години од своето основање, Адора стана дел од 200те најуспешни компании остварувајќи се поголема добивка од година во година и искачувајќи се кон врвот на листата. Од 2011 компанијата влегува и на листата на најголеми компании според остварените приходи.

Табеларниот приказ на работењето на Адора инженеринг во продолжеток на овој текст ни ги покажува годишните промени во вкупните приходи и добивка пред оданочување како и во бројот на вработени лица. 

Адора е постојан дел од страниците на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во текот на 20те години традиција на едицијата, а пикот во рангирањата го достигнува во 2012 година кога беше 12та најуспешна компанија и 87ма најголема според ранг листите со остварена добивка од 619,5 милиони денари и приход од 1,2 милијарди денари. 


Сепак, највисоки приходи компанијата има остварено во 2017 година во износ од 1,52 милијарди денари. Податоците за Адора низ годините погледнете ги тука.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт